Со самото пристапување и нарачка на производите на www.mmfresh.mk, се согласувате дека ги прифаќате условите наведени во Политиката за користење на системот за електронска трговија. ММФРЕШ ОНЛАЈН МАРКЕТ ДОО Скопје ги задржува правата за промена на оваа Политика и на условите во секое време, а промените ќе бидат истакнати на веб страната во полето Правила и политика на приватност.
ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ од неовластено користење
ММФРЕШ ОНЛАЈН МАРКЕТ ќе ги користи личните податоци на корисницитево согласност со Законот за заштита на личните податоци како и со важечката регулатива во Република Македонија која ја регулира оваа област. Вашите лични податоци нема да бидат искористени, освен во случаи каде што е дозволено со законот. Лични податоци согласно законската дефиниција се: име, презиме, единствен матичен број, адреса, е-маил адреса и слично. Самиот купувач гарантира за точноста на внесените податоци.
ММФРЕШ ОНЛАЈН МАРКЕТ нема да сноси никаква одговорност доколку внесените податоци се неточни.
ММФРЕШ ОНЛАЈН МАРКЕТ ги презема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи неавторизиран пристап од страна на трети лица. ММФРЕШ ОНЛАЈН МАРКЕТ користи безбедносен сертификат, така што комуникацијата помеѓу нас и корисниците на нашата веб страна е целосно сигурна. Во процесот на трансакцијата ние немаме никаков увид во податоците од Вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со Вашата сметка во банка.
ИСПОРАКА НА НАРАЧКИТЕ
Политиката за доставување на нарачките се однесува на производите порачани по електронски пат на оваа интернет страница. ММФРЕШ ОНЛАЈН МАРКЕТ има сопствени возила за достава на производите, а доставата се врши до вратата на купувачот. Трошоците за достава се вклучуваат при формулирање на крајната цена на нарачката. Испораката на нарачките се однесува исклучиво за наведениот реон на веб страната, односно централното градско подрачје. Во спротивно не одговараме за недоставувањето на нарачката поради внесување адреса која е надвор од централното градско подрачје, како и за уплатените средства.
НАПЛАТА И ИЗМЕНИ НА ЦЕНИТЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ
Цените на сите производи на веб страницата www.mmfresh.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ. Купувачот се обврзува да ја плати цената која е понудена во моментот на нарачувањето. ММФРЕШ ОНЛАЈН МАРКЕТ го задржува правото за промена на цените, во согласност со Политиката на компанијата, без притоа корисниците да бидат однапред известени.
ИСПОРАКА И РЕФУНДИРАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ
При нарачувањето, купувачите одбираат термин за достава, а ММФРЕШ ОНЛАЈН МАРКЕТ е должен да ја достави нарачката во одбраниот термин од страна на купувачот. Доколку нарачаните производи не се доставени во одбраниот термин, платениот износ ќе му биде рефундиран на купувачот во разумен рок. Правилото за рефундирање на средствата не може да се оствари доколку производите купувачот веќе ги има преземено и истите се оштетени. Купувачот има право да го врати купениот производ под услов производот кој се враќа да е во иста форма во која е испорачан, како и истиот да е неоштетен. Рефундирање на производите не може да се изврши откако купувачот ќе ја подигне нарачката од доставувачот. Доколку купувачот не е задоволен од производите – истите се враќаат веднаш. Средствата ќе бидат вратени на истата сметка од која е направена нарачката.
Правилото за рефундирање во случај на задоцнување со доставата не важи доколку условите за достава се оневозможени поради одредени причини како на пример: виша сила, временски услови, празници и слично. За проценка на горенаведените услови одлучува ММФРЕШ ОНЛАЈН МАРКЕТ.
ОБЈАВУВАЊЕ
ММФРЕШ ОНЛАЈН МАРКЕТ не одговара за несовпаѓањето на изгледот на производите прикажани на фотографиите на нашата интернет страна бидејќи истите се виртуелни, односно не ги прикажуваат реално производите.