Како да порачате?


MMFresh.mk е онлајн маркет кој ви овозможува многу лесно и едноставно да направите избор на најразлични видови на овошје и зеленчук со достава истиот ден.

          НАПРАВЕТЕ ИЗБОР ПО ВАША ЖЕЛБА 

Избраните артикли се додаваат во кошничката. Количината на производите ја одредувате самите вие пред  да притиснете ДОДАЈ ВО КОШНИЧКА и избирате дали сакате да нарачате во килограми или на парче. Произодите исто така можете да ги пребарувате користејќи го пребарувачот или да пребарувате по листата на категории.

          ИЗБЕРЕТЕ ТЕРМИН ЗА ДОСТАВА 

Откако ќе ги изберете производите, преминувате кон плаќање каде потребно е да ги внесете вашите податоци или да се најавите доколку имате направено ваш профил. Потоа избирате термин за достава по ваша желба и со притискање на СЛЕДНО преминувате кон внесување на податоците од вашата платежна картичка.

          ПРИМЕНА НАРАЧКА И ДОСТАВА ДО ВАШАТА ВРАТА

По извршената наплата, нарачката ќе биде примена во нашиот систем и ќе биде подготвена за достава до вашиот дом. Исто така ќе добиете на е-маил известување за производите што сте ги нарачале. Вашата нарачка ќе ви биде доставена во претходно одбраниот термин од ваша страна. Производите ќе бидат соодветно спакувани и свежо доставени.